24фудбал

Рамос: Мурињо е најдобриот тренер во светот

Серхио Рамос брзо ги негираше новите гласини за недоразбирања со Жозе Мурињо, дефанзивецот вели тоа што се пишува во медиумите е лага и тој има најнормален однос со Португалецот.

Шпанија
Откако Серхио Рамос остана на клупата за резервни фудбалери на натпреварот против Манчестер Сити од Лигата на Шампионите, шпанските медиуми не престануваат да пишуваат за недоразбирања помеѓу него и Жозе Мурињо.
 
Последните стории за Рамос велеа дека тоа што го облекол дресот на Месут Озил во неделниот натпревар против Депортиво е уште еден показател за нарушениот однос со Мурињо.
 
Но, Рамос преку својот твитер профил ги негираше ваквите пишувања објаснувајќи зошто го носел дресот на Рамос.
 
"Сакам да разјаснам неколку работи пред да излезат нови лаги" - напиша 26-годишниот Рамос.
 
"Месут ми е голем пријател и јас уште пред подолго време му ветив дека мојот прв гол во сезоната ќе му го посветам нему".
 
"На минатиот натпревар го носев неговиот дрес бидејќи имав чувство дека ќе постигнам гол. И тоа е се".
 
"Мојот однос со Мурињо е добар, искрен и чист. Ги почитувам неговите одлуки и според мене тој е најдобриот тренер, Хала Мадрид!"