24фудбал

Рамос се инати со Мурињо; го облече дресот на Озил

Во знак на солидарност, Серхио Рамос под својот го облекол дресот на Месут Озил, дефанзивецот го продлабочува недоразирањето со тренерот Жозе Мурињо

Шпанија

Серхио Рамос не е во најдобар однос со Жозе Мурињо, откако беше изоставен од тимот за дуелот со Манчестер Сити во Лигата на Шампионите.

Медиумите од Шпанија сега говорат за нов инцидент, откако дефанзивецот во второто полувреме од дуелот со Депортиво под својот го облекол дресот на Месут Озил.

Германецот исто така е во немилост кај ’Специјалниот’ поради слабите игри, и во неделата беше заменет на полувремето.

Според Marca, Рамос сакал да му изрази солидарност на Озил, и доколку постигнел погодок, ќе го посветел на неговиот пријател.

Медиумите говорат дека шпанскиот репрезентативец со ваквиот потег само го продлабочил недоразбирањето со Жозе Мурињо.

Во меѓувреме, Sport и El Mundo Deportivo пренесуваат дека Рамос ја известил управата на Реал Мадрид дека е спремен да замине, откако Челзи пројавил интерес за неговите услуги.

Двата весника од Каталонија шпекулираат дека ’Сините’ се подготвени да платат фантастични 50 милиони евра за Рамос.