24фудбал

Бланко чек за Гвардиола од Барса

Извештаите што пристигнуваат од Шпанија велат дека претседателот на Барселона, Сандро Росел му понудил на Пеп Гвардиола бланко чек во обид да го убеди стратегот да остане на Камп Ноу

Шпанија

Како што претходно објавивме, медиумите од Шпанија пренесуваат дека Сандро Росел и Пеп Гвардиола вчера имале средба која траела околу три часа.

Тема на разговор била иднината на Пеп Гвардиола, кој е под договор со Каталонците до 30. јуни.

Последните извештаи што пристигнуваат, говорат дека претседателот на Барселона му понудил на стратегот бланко чек во обид да го убеди да остане на Камп Ноу.

На Гвардиола исто така му било понудено сам да ги состави условите од новиот договор.

Останува да се види што ќе одлучи Гвардиола, а шпекулациите велат дека Пеп во овој момент е поблиску до заминување отколку до останување на кормилото на Каталонците.

Се говори дека најверојатно Гвардиола утре ќе ја соопшти одлуката за својата иднина.