24фудбал

Гвардиола веќе разговарал со Росел

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Пеп Гвардиола вчера имал средба со Сандро Росел, а двајцата одново ќе се состанат утре

Шпанија

Стратегот е под договор со Каталонците до 30. јуни, и по елиминацијата од Лигата на Шампионите во вторникот, тој најави дека наскоро ќе има средба со лидерите на клубот и ќе донесе одлука за својата иднина.

Ona FM денеска пренесе дека Пеп Гвардиола вчера се сретнал со претседателот на Барселона, Сандро Росел.

Состанокот траел околу три часа, а на него присуствувале и техничкиот директор Андони Зубизарета и потпретседателот Хосеп Мариа Бартомеу.

Се најавува дека во петок Гвардиола одново ќе се состане со Росел, и најверојато во текот на утрешниот ден стратегот ќе ја соопшти одлуката за својата иднина, а според написите на медиумите, стратегот во овој момент е многу поблиску до заминување отколку до останување на Камп Ноу.

Исто така се говори дека Барселона веќе работи на ’план Б’ доколку Пеп реши да не го продолжи договорот.

Извештаите велат дека Андони Зубизарета креирал листа на можни наследници на Гвардиола, а на неа се наоѓаат Марсело Биелса, Лорен Блан и Ернесто Валверде.