24фудбал

Мурињо: Симеоне не е подобар од мене

Жозе Мурињо вели дека е тешко да се споредува некој со 15 годишно искуство со значително помлад тренер.

Лига на Шампиони

Атлетико Мадрид го пречекува Челзи во првата полуфинална пресметка од Лигата на Шампионите, а во центарот на вниманието ќе биде и тренерскиот дуел помеѓу Диего Симеоне и Жозе Мурињо.

Двајца големи стратези кои играат сличен фудбал.

„Не се согласувам со оние кои велат дека Диего Симеоне е подобар тренер од мене" - вели Мурињо.

„Тешко е да споредувате, бидејќи не е фер да се споредува некој со 15 годишно искуство со некој со многу помало искуство".

„Тоа е нешто со кое не се согласувам".


Комерцијален текст: