24фудбал

Реал Мадрид го освои Купот на Кралот

Еден неверојатен трк на Герет Бејл беше решавачки за победникот во Купот на Шпанија, Реал Мадрид со 2-1 ја победи Барселона.

Шпанија
Реал Мадрид слави титула, Кралевите се победници во Купот на Шпанија и тоа со триумф над најголемиот ривал, Барселона.
 
Герет Бејл е херојот на Мадриѓани, еден негов фантастичен трк беше пресуден за трофејот.
 
Реал Мадрид поведе со гол на Ди Марија уште во 11 минута од натпреварот, Пинто лошо интервенираше.
 
Во 68. минута Барселона успеа да го изедначи резултатот, Бартра постигна погодок со глава за 1-1.
 
На пет минути до истекот од регуларните 90 минути, Бејл во најдобро светло ги презентираше своите тркачки вештини по кој е познат, го помина Бартра иако беше излезен во аут и постигна гол за победа од 2-1.
 
На крајот Реал Мадрид сосема заслужено се радуваше на трофејот од Купот на Кралот.