24фудбал

Гундоган го продолжи договорот со Дортмунд

Илкај Гундоган стави потпис на нов договор и ја продолжи верноста кон ’Милионерите’ до 30. јуни 2016

Германија

Фудбалерот од средниот ред минатата сезона беше еден од најдобрите играчи на Борусија Дортмунд па го привлече вниманието на неколку клубови.

Илкај Гундоган се најде на листата со желби на Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Јунајтед, но во последно време нивниот интерес се олади бидејќи играчот поради повреда на грбот е надвор од стројот од август.

’Милионерите’ не сакаа да слушнат за продажба на репрезентативецот на Германија, и минатиот месец му понудија нов договор.

Тој го прифати предлегот и вчера стави потпис на договор со трајност до 30. јуни 2016.

„Илкај Гундоган ја продолжи верноста кон Борусија Дортмунд до 30. јуни 2016” – гласеше соопштението на тимот од Сигнал Идуна Парк.

Самиот фудбалер рече: „Благодарен сум на клубот што ми даде прилика да продолжам да бидам дел од овој специјален тим и ова извонредно окружување”.

„Ќе го дадам максимумот за што поскоро да им помогнам на моите соиграчи”.

За очекување е новиот договор да им стави крај на шпекулациите за иднинага на 23 годишниот Илкај Гундоган.