24фудбал

Џерард: Норич како Милан

Капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард вели дека секој нареден натпревар тие треба да го третираат како едно големо финале.

Англија

Ливерпул има уште четири натпревари до крајот на сезоната, доколку ги добијат сите, ќе бидат сензационални освојувачи на титулата во Премиер лигата.

Следниот натпревар за Црвените е дуелот со Норич, Џерард вели дека овој дуел треба да го сфатат исто како и натпреварот против Милан во финалето од Лигата на Шампионите во 2005 година.

„Треба да го третираме Норич како што го третиравме Милан во 2005 година" - вели Џерард.

„Треба да заборавиме кои бои на дресот ги носат и да ги третираме како најдобрите играчи во светот".

„Треба да заборавиме каде се наоѓаме и што направивме до сега. Треба да се подготвиме за Норич како тоа да е последниот натпревар во нашите кариери".

„Секој натпревар ќе биде поголем и поголем бидејќи се поблиску сме до последниот натпревар во сезоната".

„Се разбира натпреварот со Манчестер Сити на Енфилд секогаш ќе биде голем бидејќи тие се во трка за шампионската титула, но сега Норич станува Манчестер Сити, Челзи, Манчестер Јунајтед, ете толку е голем овој натпревар за нас".

Ливерпул нанижа десет последователни победи, но Џерард вели дека џабе би им биле и 13 победи по ред доколку го загубат последниот и не ја освојат титулата.

„Она што е клучно за еден фудбалер е да освои нешто за да ја презентира целата напорна работа, ние можеме да победиме и на 13 натпревари во серија и да го загубиме последниот па да не ја освоиме титулата, и никој нема да се сеќава на тоа".

„Единствена работа која се памети е освојување на трофејот".