24фудбал

Замер: Нема да го продадеме Манџукиќ

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Матијас Замер порачува дека напаѓачот Марио Манџукиќ не е на продажба

Германија

’Баварците’ во јануари потпишаа пред-договор со Роберт Левандовски, се очекува Полјакот да биде прв избор во нападот, па често се говори за заминување на Марио Манџукиќ од Алианц Арена.

Репрезентативецот на Хрватска покажува одлични игри во дресот на Баерн Минхен, па голем број на клубови ги посакуваат неговите услуги и се очекува летоска да пристигнат неколку понуди на негова адреса.


Сепак, Матијас Замер порачува дека шампионот на Германија нема намера да го продаде напаѓачот.

„Што се однесува до нас, апсолутно никој не треба да се мачи и да достави понуда за Манџукиќ” – вели спортскиот директор на Баерн Минхен во емисијата Sky90.

„Тој е од огромна важност за Баерн. Секош велам дека Марио игра како животно”.

„Едноставно е неверојатно колку многу тој работи за тимот и колку многу трча на еден натпревар”.

„Секогаш им создава големи проблеми на противничките играчи, па затоа тие често го провоцираат”.