24фудбал

Повредата на Диего Коста не е сериозна

Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Диего Коста помина само со исекотина на потколеницата од повредата која во прв момент изгледаше страшно.

Шпанија

Во 84. минута од натпреварот против Гетафе, Диего Коста постигна гол и силно ја удри ногата во стативата.

Напаѓачот во големи болки беше изнесен на носилки, неговите реакции сугерираа дека се работи за тешка повреда која може да значи крај на сезоната за него.

Но, информациите кои доаѓаат од таборот на Атлетико Мадрид се позитивни, Диего Коста е добар и нема да отсуствува од терените.

„Диего е добар и среќен. Се работи само за исекотина, ништо сериозно" - изјави Диего Симеоне.