24фудбал

УЕФА вели дека Куртоа ќе може да игра против Челзи

Европската куќа на фудбалот утрово соопшти дека Челзи не смее да има влијание врз изборот на играчите што ќе го направи Атлетико Мадрид, па голманот Тибо Куртоа ќе може да игра поритв ’Сините’

Лига на Шампиони

Репрезентативецот на Белгија е фудбалер на ’Сините’ но три сезони веќе е на позајмица на Висенте Калдерон.

Па откако Атлетико во средата ја елиминираше Барселона, и се пласираше помеѓу четирите најдобри во Лигата на Шампионите, првиот човек на клубот призна дека Тибо Куртоа нема да игра доколку за противник во полу-финале им се падне Челзи.

УЕФА не дозволува клузули со кои на одредени играчи им се забранува настап, но Челзи за да се заштити вметнал клаузула според која Атлетико ќе треба да плати голема сума на пари доколку Тибо Куртоа игра против ’Сините’.

Медиумите шпекулираат за цифри помеѓу 3 и 5 милиони евра по натпревар, нешто што тимот од Мадрид не може да си го дозволи.

Денеска на оваа тема се огласи и УЕФА, од европската куќа на фудбалот велат дека нивните правила јасно посочуваат дека еден клуб не може да се меша при изборот на играчи што го прави друг клуб.

УЕФА вели дека било каков приватен договор помеѓу двата клуба кој има влијание врз изборот на играчите е неважечки.

Па доколку Челзи ја активира клаузулата, ќе ги прекрши правилата, и УЕФА ќе биде приморана да превзема соодветна санкција.

Се говори дека европската куќа на фудбалот дури би можеле да го исфрли Челзи од Лигата на Шампионите, доколку ’Сините’ му забранат на Тибо Куртоа да игра.

Ваквото соопштение беше издадено пред ждрепката во Нион, на кој Атлетико Мадрид за противник го доби токму Челзи.