24фудбал

Мојс: Направивме почетнички грешки во одбраната

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс вели дека неговите избраници не смееле да му дозволи на Баерн Минхен експресно да се врати по примениот гол

Лига на Шампиони

’Црвените Ѓаволи’ речиси еден час одлично ги неутралисираа нападите на Баерн Минхен, и успеаа да поведат преку Патрис Евра.

Овој резултат го носеше Манчестер Јунајтед во полу-финале, но водството траеше помалку од две минути, Манџукиќ ги врати домаќините во игра со прецизен удар со глава.

И реми од 1-1 му беше од полза на шампионот на Англија, но одбраната на гостите подоцна капитулираше уште во два наврати, па ’Црвените Ѓаволи’ доживеаа елиминација.

„Кога сте почетник една од првите работи што ви ги кажуваат е да не примите веднаш гол” – вели Дејвид Мојс. „Ние го сторивме токму тоа”.

„Моравме да издржиме пет или десет минути, но тие веднаш изедначија”.

„Имаме доволно искуство, па моравме да ја одбраниме предноста”,

„Задоволен сум од перформансите, но неколку мали греши на крајот се покажаа како многу скапи”.

„Го сторивме она што моравме, им ја отежнавме работата. Се обидовме тактички да ги задушиме, и долго време успешно го правевме тоа”.

„Но доколку примите гол веднаш по водството, тогаш работите стануваат тешки”.

Со оглед на тоа дека Манчестер Јунајтед има големо заостанување на табелата во Премиер лигата, ’Црвените Ѓаволи’ следната сезона нема да бидат во најелитното европско натпреварување.

„Нема да играме во Лигата на Шампионите следната сезона, но не сме многу далеку”.

„Се надевам дека само една година нема да бидеме помеѓу елитата. Ќе изградиме нов тим и верувам дека ќе се вратиме посилни”.

„Не е срамно да се загуби од Баерн, тие се одличен тим”.

„Одигравме навистина добро и покажавме со каков квалитет располагаме”.