24фудбал

Искосена тревата на Висенте Калдерон

Атлетико Мадрид ја искоси тревата на Висенте Калдерон откако Барселона се пожали кај УЕФА, но нема да го наводенува теренот на паузата помеѓу двете полувремиња

Лига на Шампиони

Медиумите од Шпанија пренесоа дека ’Каталонците’ по вчерашниот тренинг на Висенте Калдерон стапиле во контакт со УЕФА и ја алармирале европската куќа на фудбалот за висината на тревата.

Според правилата, тревата не треба да биде повисока од 30 милиметри.

На состанокот што попладнево се одржал помеѓу претставници на УЕФА, Атлетико Мадрид, Барселона, безбедносните сили и Црвениот Крст, гостите исто така побарале теренот да биде наводенет на паузата помеѓу двете полувремиња.

Од таборот на Атлетико Мадрид ја прифатиле забелешката за висината на тревата, и луѓето задолжени за одржување на теренот на Висенте Калдерон ја искосиле тревата.

Но домаќините нема позитивно да одговорат на второто барање на Барселона, и ќе го наводенат теренот само пред почетокот на средбата.

Барселона на Висенте Калдерон мора да брка победа или реми со многу погодоци со цел да се пласира помеѓу четирите најдобри во Лигата на Шампионите.