24фудбал

Челзи и Реал Мадрид во полуфиналето од ЛШ

Во драматичен натпревар на Стемфорд Бриџ, Челзи успеа да слави со 2-0 и да се пласира во полуфиналето, на Дортмунд му фалеше малку за сензација, Реал Мадрид се спаси од шокантна елиминација.

Лига на Шампиони
Жозе Мурињо и Челзи успеаа во мисијата, победија со 2-0 и поради гол постигнат во гости го елиминираат ПСЖ кој излезе како фаворит на Стемфорд Бриџ.
 
Челзи и ПСЖ одиграа натпревар со исклучително драматичен финиш во кој се радуваа Сините.
 
Пех за Челзи уште по само 18 минути игра, поради повреда Еден Азар мораше да го напушти натпреварот, на негово место влезе Шурле.
 
Токму Германецот во 32. минута по асистенција од Давид Луиз постигнува гол за водство од 1-0.
 
На почетокот од второто полувреме, домаќините ја зголемија иницијативата, и во една акција два пати успеаа да ја погодат пречката на Сиригу, најпрво Шурле, а потоа и Оскар.
 
ПСЖ преку Кавани во два наврати пропушти шанса да го реши натпреварот пред време, казната стигна во самиот финиш.
 
Нововлезениот Демба Ба постигна гол во 87. минута за победа на Челзи од 2-0 и огромна радост на Стемфорд Бриџ.
 
Во последните минути Петр Чех со неколку одлични интервенции се истакна, успевајќи да го сочува својот гол и Челзи да се пласира во полуфиналето.
 
Супер интересно беше и во Дортмунд каде Борусија со 2-0 го победи Реал Мадрид.
 
Во 17. минута Ди Марија имаше шанса од пенал да ги реши сите дилеми околу патникот во полуфиналето, но неговиот удар го одбрани Вајденфелер.
 
Седум минути подоцна лоша интервенција на одбраната на Реал Мадрид, Ројс реализира за водство од 1-0.
 
Во 37. минута Ројс го зголеми водството на Борусија Дортмунд и на 2-0, само гол фалеше да ја анлираат негативата.
 
До крајот на натпреварот имаа повеќе шанси за сензација, поготово Мхитаријан кој пропушти неверојатни прилики.
 
На крајот Реал Мадрид беше тимот кој се радуваше на пласман меѓу четирите најдобри, Борусија Дортмунд може да жали поради пропуштените шанси.