24фудбал

Јувентус триумфално во Лион

Јувентус со 1-0 славеше кај Лион, исто како и Бенфика на гостувањето кај АЗ Алкмар, Базел беше убедлив против Валенсија, минимална победа на Порто над Севиља.

Лига Европа
Старата Дама е на чекор до пласман во полуфиналето од Лига Европа откако со 1-0 победи на гостувањето кај Лион.
 
Италијанскиот шампион беше подобар противник и ја заслужи победата која дојде во 85. минута со погодок на Бонучи.
 
Идентична гостинска победа славеше и минатогодишниот финалист, тимот на Бенфика кој го победи АЗ Алкмар со погодок на Салвио.
 
Триумф од 1-0, но на свој терен забележа Порто кој ја совлада екипата на Севиља.
 
Мангала во 31. минута беше стрелец на голот за Португалците кои натпреварот го завршија со играч помалку откако Фернандо беше исклучен во финишот.
 
Валенсија помина лошо на гостувањето кај Базел, загуби со убедливи 3-0.
 
Делгадо со погодоци во 34. и 38. минута го реши прашањето околу победникот, победата само ја завери Стокер во судиското продолжение.
 
Шпанскиот тим ќе има исклучително тешка мисија да ја надополни големата негатива.