24фудбал

Мурињо: Браво Пандев, секогаш ќе бидеш мој шампион

Поранешниот тренер на Горан Пандев, Жозе Мурињо има пофалби за нашиот интернационалец велејќи дека тој е еден од неговите шампиони.

Италија
Со одличната игра и двата гола против Јувентус, Горан Пандев одново е во центарот на вниманието на фудбалската јавност.
 
Честитки до Горан пристигнуваат од сите страни, а еден од оние кои имаат посебни пофалби за Пандев е и тренерот на Реал Мадрид Жозе Мурињо.
 
Пандев беше една од клучните алки во тимот на Интер кој предводен од Мурињо дојде до трофејот во Лигата на Шампионите.
 
"Браво Пандев, тој секогаш ќе биде мој шампион. Горан е еден од фудбалерите кои никогаш нема да можам да ги наречам поранешни" - вели Мурињо.
 
"Неговите два гола против Јувентус ме прават среќен".
 
Честитки на адреса на Горан Пандев стигнаа и Дејан Станковиќ, неговиот соиграч од Интер и голем пријател.
 
"Многу сум среќен за Горан, мојот брат. Нема сомнение во неговиот квалитет, нема дискусии за тоа. Има периоди на лоша среќа кои треба да се пребродат. Пандев полека се пронаoѓа во Наполи и се надевам дека ќе има големи успеси во иднина".