24фудбал

Познати 1/4 финалните парови за ЛШ

Попладнево во Нион беа извлечени двојките од четврт-финалето во најелитното европско натпреварување, актуелниот шампион Баерн за противник го доби Манчестер Јунајтед

Лига на Шампиони

’Баварците’ беа противникот што сите останати сакаа да го одбегнат на денешната ждрепка.

Актуелниот шампион игра во извонредна форма и многумина веруваат дека токму Баерн Минхен може да биде првиот тим што ќе ја одбрани титулата во Лигата на Шампионите.

Манчестер Јунајтед беше тимот што ’немаше среќа’, и во четврт-финалето ќе се сретне со баварската машинерија.

Во реприза на минатогодишното полу-финале, Реал Мадрид се среќава со Борусија Дортмунд.

Челзи ќе ги одмери силите со ПСЖ, а Барселона за противник го доби ривалот од Шпанија, Атлетико Мадрид.

Паровите за 1/4 финалето:

Барселона – Атлетико Мадрид

Реал Мадрид – Борусија Дортмунд

ПСЖ – Челзи

Манчестер Јунајтед – Баерн Минхен.

Првите натпревари се играат на 1. и 2. април, а реваншите се закажни за 8. и 9. априли.