24фудбал

Динамо Киев и Валенсија ќе ги одмерат силите во Никозија

Поради немирите во главниот град на Украина, УЕФА одлучи дуелот помеѓу Динамо Киев и Валенсија во Лига Европа да се одигра на неутрален терен во Кипар

Лига Европа

’Лос Че’ утрово се подготвуваше да отпатува за Киев за дуелот со Динамо во 1/16 – финалето од најмасовното европско натпреварување, но во последен момент нивниот лет беше откажан откако УЕФА одлучи да го релоцира натпреварот на неутрален терен.

Европската куќа на фудбалот се реши на еден ваков чекор поради протестите во Киев, кои со себе до сега однесоа 25 животи.

Според одлуката на УЕФА, Динамо Киев и Валенсија ќе ги одмерат силите утре во Никозија, средбата на Кипар ќе започне во 19 часот.

Претседателот на Валенсија, Амадео Салво зборувајќи од Манисес аеродромот рече: „Играчите се на ручек, за неколку часа ќе летаме за Кипар”.

„Ќе беше многу тешко да играме во Киев. Добивме гаранции за безбедноста, но постојат многу работи што не можете да ги контролирате, и најдобро за сите страни е да се одигра натпреварот на неутрален терен”.

„Задоволни сме со одлуката. Здравиот разумот надвладеа”.

„Сакам искрено да им се извинам на сите фанови на Валенсија кои отпатуваа за Киев со намера да го бодрат клубот, и кои потрошија пари и време за своето патување”.

„Можам само да им се извинам, и да ги советувам дека ќе останеме во контакт. Се надевам дека ќе имаат прилика да гледаат како Валенсија игра”.


Комерцијален текст: