24фудбал

Пандев: Среќен сум за погодоците но жалам што не победивме

Горан Пандев е среќен што конечно се запиша во листата на стрелците во дресот на Наполи но жали што неговиот тим не успеа да победи во дуелот со Јувентус

Италија

По повредата на Единсон Кавани, македонскиот репрезентативец се најде во стартниот состав на Наполи за дерби пресметката со Јувентус.

Горан Пандев на најдобар начин ја искористи укажаната прилика и постигна два погодоци.

Напаѓачот го напушти теренот при водство на неговиот тим од 3-1, но до финишот на средбата Јувентус постигна два гола и се избори за еден бод.

“Ова се два важни погодоци за мене, бидејќи сакав да им докажам на фановите дека имам квалитет да бидам дел од оваа група.” – рече Пандев по крајот на натпреварот.

“Сепак, жалам што погодоците не беа доволни за да победиме.”

“Лично се чувствувам многу подобро, и сакам да го дадам својот допринос.”

“Имавме водство од 3-1, можевме да победиме но Јувентус одговори добро. Се чини дека заморот си го стори своето, не е лесно да се игра секој три дена.”

Пандев потоа додаде: “Наполи има силен тим, и нема да се откажеме на ниту еден фронт. Сега ќе се фокусираме на следниот натпревар во Серија А, а потоа и на многу важниот дуел во Лигата на Шампионите.”

“Сезоната е долга и сакаме да бидеме лидери.”

“Работев напорно во послендите неколку месеци и сакам да им се заблагодарам на фановите, тимот и моето семејство, кои секогаш беа покрај мене.”

“Мојата физичка подготвеност дефинитивно беше проблем, делумно поради тоа што минатата сезона не одиграв многу натпревари за Интер.”

“Работев напорно за да влезам во топ форма, но потоа следуваше повреда. Но сега се е во ред. Се надевам дека ќе продолжиме да бележиме напредок.”