24фудбал

Де Лаурентис: Пандев докажа дека е вистински шампион

Харизматичниот претседател на Наполи, Аурелио Де Лаурентис не штедеше пофални зборови за Горан Пандев кој вечерва два пати ја затресе мержата на Јувентус.

Италија
Горан Пандев ги собира насловните страници, откако му даде два гола на Џиџи Буфон на натпреварот против Јувентус кој заврши 3-3.
 
Претседателот Аурелио Де Лаурентис е полн со пофални зборови за македонскиот фудбалер.
 
"Убавината на оваа вечер беа двата гола на Пандев, два прекрасни, возбудливи моменти. Многу сум среќен поради тоа и покрај нерешениот резултат" - вели Де Лаурентис.
 
"Гледам на вредностите кои тимот ги прикажува. Имаме силен тим, фудбалери кои допрва треба да бидат откриени, имаме многу ресурси на маса".
 
"Пандев докажа дека е шампион, фудбалер кој ќе ја прави разликата во наредните месеци. Оптимисти сме и продолжуваме така по нашиот пат".
 
Претседателот на Наполи е задоволен од играта на своите фудбалери кои пропуштија ја го победат Јувентус иако на два пати водеа со два разлика.
 
"И покрај фактот што одигравме толку многу натпревари, за разлика од Јувентус кој е свеж, покажавме дека можеме да доминираме на натпреварот и да му дадеме четири гола на Јуве, тука го бројам и првиот на Хамшик кој беше поништен".
 
"Мораме да погледнеме во огледало и да кажеме дека игравме добро и не бевме инфериорни во однос на лидерот. Мора да бидеме задоволни".