24фудбал

Мацари: На 3:1 помислив дека победивме

Валтер Мацари не го крие разочарувањето по нерешениот резултат против Јувентус во кој Наполи на два пати имаше предност од два разлика.

Италија
Наполи водеше со 2-0 и 3-1 против Јувентус, но натпреварот на крајот заврши без победник 3-3.
 
Горан Пандев ги постигна своите први погодоци во дресот на Наполи и беше најдобриот играч вечерва, но радоста без победа не е комплетна.
 
Валтер Мацари е разочаран што неговите фудбалери пропуштија да му го нанесат првиот пораз на Јувентус оваа сезона.
 
"Чашата е половина празна за мене. Имавме фантастично прво полувреме, но за жал ја плативме цената на густиот распоред" - изјави Мацари по натпреварот.
 
"На 3-1, по голот на Горан Пандев, искрено помислив дека го добивме натпреварот иако се мачевме со стабилноста на натпреварот".
 
"Големите тимови со поискусни фудбалери како Андреа Пирло знаат како да го забават темпото. Ние сеуште треба да го учиме тоа".
 
"Штета е што го примивме третиот гол со четворица наши фудбалери околу Симоне Пепе кој имаше среќа откако топката се одби од еден од нашите фудбалери. Навистина помислив дека го добивме натпреварот".
 
"Кога Хуго Кампањаро е во форма, немаме проблеми во дефанзивата, но кога сте уморни правите глупави грешки. Слични проблеми имавме и против Манчестер Сити".
 
"Секогаш им велам на моите фудбалери дека не можеме целиот натпревар да го играме со 1 000 милји на час, но една работа велам, друго се случува. Мораме да научиме како да забрзаме во вистинскиот момент, во спротивно ја губиме целата енергија".
 
Горан Пандев конечно проработе постигнувајќи ги првите голови за Наполи, Мацари има пофалби за нашиот фудбалер.
 
"Пандев е супер квалитетен фудбалер, тој играше за Светскиот шампион Интер. Немавме среќа оваа сезона бидејќи тој се повреди баш кога влегуваше во форма".
 
"Во саботата го играв 60 минути и тој знае зошто, треба полека, постепено да напредува".