24фудбал

Румениге: Не би го менувал Рибери за Роналдо

Претседателот на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге вели дека тие никогаш не би го замениле Франк Рибери со Кристијано Роналдо.

Германија

Големи беа дебатите за тоа кој требаше да ја освои Златната Топка, дали Кристијано Роналдо кој имаше одлична индивидуална сезона или Франк Рибери кој беше клучен во историската сезона на Баерн Минхен.

На крајот Роналдо се радуваше на престижната награда, а очекувано од таборот на Германците, застанаа во одбрана на својот фудбалер.

„Баерн Минхен никогаш не би го менувал Рибери за Роналдо" - изјави Карл Хајнц Румениге за Bild.

„Знаев дека Рибери нема да ја добие наградата. Кога видов кој се дојде со Роналдо во Цирих, јасно беше кој ќе ја добие Златната Топка".