24фудбал

Роналдо: Ова е многу емотивен момент за мене

Кристијано Роналдо со многу емоции ја прими Златната Топка, наградата за најдобар фудбалер во 2013.

Останато
Во конкуренција на Рибери и Меси, Кристијано Роналдо дојде до престижната Златна Топка.
 
Ѕвездата на Реал Мадрид со многу солзи во очите го прими големото индивидуално признание.
 
„Најпрво сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи од клубот и репрезентацијата. Без сето нивно залагање ќе беше невозможно да ја освојам оваа награда" - го започна емотивниот говор Кристијано Роналдо.
 
„Многу сум среќен, многу е тешко да се освои ова признание".
 
„Сакам да им се заблагодарам на сите кои беа со мене. Мојата сопруга, пријателите, синот. Ова е многу емотивен момент за мене".
 
„Се што можам да кажам е едно големо благодарам на сите".