24фудбал

Роналдо ја доби Златната Топка

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо ја доби наградата за Најдобар Фудбалер во 2013 година.

Останато
Златната Топка за 2013 година оди во рацете на Кристијано Роналдо, фудбалерот на Реал Мадрид го доби признанието за Најдобар фудбалер во 2013.
 
Најголем конкурент за наградата на Роналдо беше Френк Рибери кој имаше фантастична сезона со Баерн Минхен.
 
Лео Меси кој претходните четири години владееше во Европа, овој пат очекувано не стигна до престижното признание.
 
Наградата за најдобра фудбалерка ја доби германската голманка Надине Ангерер.
 
Почесна Златна Топка му беше доделена на легендата на Светскиот фудбал, според многумина и најдобриот фудбалер на сите времиња, Пеле.