24фудбал

Јуп Хајнкес е најдобар тренер за 2013

Сосема очекувано, наградата за најдобар тренер му припадна на Јуп Хајнкес кој минатата година ги освои сите трофеи со Баерн Минхен.

Останато
Тренерот кој го предводеше Баерн Минхен до една историска сезона во која Баварците ги освоија сите трофеи, Јуп Хајнкес го доби признанието за Најдобар Тренер во 2013 година.
 
Конкуренти на Хајнкес за оваа награда му беа Сер Алекс Фергусон и Јирген Клоп.
 
Наградата за најдобар тренер на женски тим, ја доби селекторката на германската репрезентација, Силвиа Неид.