24фудбал

Навивачите на Ајнтрахт со специјална кореографија го испратија Ока во пензија

Легендата на Ајнтрахт Франкфурт, Македонецот Ока Николов синоќа со посебна кореографија од навивачите на германскиот клуб беше испратен во пензија.

Германија

Ока Николов минатото лето реши да го напушти Ајнтрахт и да се пресели во Филаделфија, но брзо потоа одлучи да стави крај на кариерата.

39-годишниот голман со исклучок на краткиот период во Америка, целата своја кариера ја помина во Ајнтрахт Франкфурт и стана вистинска легенда на овој тим.

На синоќешниот натпревар против Аугсбург, навивачите на Ајнтрахт со специјална кореографија го испратија Ока во пензија, а стадионот го носеше неговото име.

„Уживав во сите овие години. За жал, дојде време за збогување. Ви благодарам на сите, заминувам со прекрасни спомени" - изјави Ока Николов.

Николов има пет настапи за македонската репрезентација, но ниту еден официјален, Германија не дозволува нивните жители да имаат двојни државјанства, па затоа пропадна шансата Ока да го брани голот на Македонија.