24фудбал

Роналдо и донесе предност на Португалија, Украина ја шокираше Франција

Португалија со 1-0 ја доби првата пресметка против Шведска, Украина обезбеди сериозна предност од 2-0 против фаворитот Франција, немаше голови во Исланд, Грција подобра од Романија.

СП 2014

Роналдо ја доби првата пресметка против Ибрахимовиќ, Португалија победи со 1-0.

Токму Кристијано Роналдо беше херојот на Португалците, победата беше обезбедена со негов погодок со глава на осум минути до крајот.
 
Пред самиот истек на натпреварот, Роналдо имаше уште еден добар обид со глава, но неговиот удар заврши во пречката од голот на Шведска.

Украина ја изненади Франција победувајќи ја со 2-0, Галските Петли ќе имаат исклучително тешка задача да се пласираат на Светското првенство.

Првиот удар за Франција се случи во 61. минута од натпреварот кога Зозуља донесе предност за Украинците од 1-0.

Во 81. минута Косчиелни направи прекршок за пенал, а Јармоленко беше сигурен реализатор на најстрогата казна за голема предност од 2-0.

Во судиското продолжение по еден црвен картон и на двете страни, Косчиелни беше исклучен во француската селекција, Кучер заработи два жолти во репрезентацијата на Украина.

Немаше погодоци на натпреварот помеѓу Исланд и Хрватска, Грција со 3-1 ја совлада селекцијата на Романија.