24фудбал

Негредо: На Меси може да му здосади во Шпанија

Напаѓачот на Манчестер Сити, Алваро Негредо смета дека на Лео Меси може да му здосади во Примера и да ја напушти Барселона.

Англија
Негредо кој ја игра првата сезона во Манчестер Сити откако во летниот преоден рок се пресели од Севиља, смета дека и Лео Меси може да направи сличен потег.
 
„Мислам дека Меси може да го следи примерот на Давид Силва, Хуан Мата, Санти Казорла, Давид Де Геа и мојот и да дојде во Премиер лигата" - смета Негредо.
 
„Тој може да игра добро во секоја лига".
 
„Можеби за неколку години ќе му здосади во Примера, ќе сака промена и ќе дојде тука".
 
„Премиер лигата е најдоброто место за фудбалските ѕвезди. Тука сум веќе неколку месеци и подобро е отколку што можев да замислам".