24фудбал

Металург се врати на врвот

Вардар одигра нерешено во дербито против Хоризонт Турново, Металург го искористи ваквиот резултат и со победа на гостувањето кај Напредок се врати на врвот на табелата.

Шпанија
Вардар пропушти победа во дерби натпреварот против Хоризонт Турново, шампионот долго време имаше водство но не успеа да дојде до трите бода.
 
Црвено црните поведоа со голот на Гроздановски во 23. минута, Ејупи на шест минути до крајот го изедначи резултатот.
 
Ова реми го искористи тимот на Металург кој со 2-0 го победи Напредок во Кичево и се врати на лидерската позиција со ист број на бодови како и Вардар но со подобра гол разлика.
 
Радески во првото полувреме и Крстев во вториот дел беа стрелци на головите за Металург.
 
Во останатите вчерашни натпревари, Шкендија со убедливи 4-0 го победи Гостивар, Пелистер со 1-0 славеше над Брегалница, со истиот резултат Еуромилк беше поуспешен од Работнички, Македонија Ѓорче Петров со 2-1 ја совлада екипата на Ренова.
 
Табела 15. коло:
 
1. Металург 26
2. Вардар 26
3. Работнички 24
4. Пелистер 24
5. Турново 22
6. Ренова 22
7. Брегалница 20
8. Шкендија 20
9. Еуромилк 20
10.Македонија Ѓ.П. 13
11.Напредок 11
12.Гостивар 10