24фудбал

Мојс: Требаше да постигнеме повеќе голови

Дејвид Мојс вели дека Јунајтед можел и требало да постигне повеќе голови во победата над Реал Сосиедад, но задоволен е од играта и трите бода.

Лига на Шампиони
Со автоголот на Мартинез, Манчестер Јунајтед го победи Реал Сосиедад со 1-0 и освои значајни трите бода.
 
„Ја завршивме работата. Требаше да го добиеме натпреварот и го направивме тоа, одигравме добро" - изјави Мојс по натпреварот.
 
„Можевме и требаше да постигнеме повеќе голови, но ова беше добра победа".
 
„Во саботата водевме 1-0 и примивме гол во последните моменти, па постоеше нервоза истото да не се случи повторно".
 
„Вејн Руни е апсолутно фантастичен. И треба да го гледаме таков на секој натпревар".