24фудбал

Евра сугерира дека ќе го напушти Јунајтед

Левиот бек на ’Црвените Ѓаволи’, Патрис Евра сугерира дека ќе замине од Олд Трафорд по крајот на сезоната

Англија

Репрезентативецот на ’Триколорите’ е обврзан кон Манчестер Јунајтед до 30. јуни 2014.

Во разговор со Telefoot тој сугерира дека нема да стави потпис на нов договор и покрај тоа што лидерите на клубот сакаат да го задржат на Олд Трафорд.

„Воопшто не сум загрижен” – рече Патрис Евра. „Во прашање се лични работи”.

„Не се работи за тоа дека Манчестер Јунајтед не сака да го обнови мојот договор”.

„Манчестер Јунајтед преферира да ставам крај на кариерата тука, но повторувам, во прашање се лични работи”.

Се говори дека Патрис Евра е разочаран од тоа што Манчестер Јунајтед изминатово лето се обидуваше да ангажира нов лев бек.


Долго време прва трансфер цел на ’Црвените Ѓаволи’ беше Лејтон Бејнс од Евертон, а во последниот ден од преодниот рок, шампионот на Англија се обиде да го ангажира и Фабио Коентрао од Реал Мадрид.

Медиумите шпекулираат дека Патрис Евра би можел да се врати во Франција, каде интерес за неговите услуги пројавуваат ПСЖ и Монако.