24фудбал

Ивановски на местото од Тричковски

Поради повреда Иван Тричковски нема да може да настапи на натпреварите против Велс и Србија, на негово место е повикан Даниел Ивановски.

Македонија

Иван Тричковски се повреди на дуелот помеѓу Беверен и Остенде, па нема да може да биде дел од селекцијата на Македонија за престојните квалификациски натпревари.

В.Д. селекторот Зоран Стратев го повика Даниел Ивановски кој настапува за шведскиот Мјалби.

Македонската фудбалска репрезентација од денеска ги започнува подготовките за дуелите со Велс на 11 октомври и Србија 15 октомври.