24фудбал

Алегри: Требаше да победиме

Марио Балотели со погодок од пенал го спаси Милан од пораз во Амстердам, но Масимо Алегри верува дека ’Росоњерите’ требале да освојат три бода од гостувањето кај Ајакс

Лига на Шампиони

Шампионот на Холандија поведе во 90. минута со голот на Денсвил, а во четвратата минута од судиското надополнување, ’Супер Марио’ изедначи со удар од белата точка.

И покрај тоа што Милан избегна пораз во завршните мигови од средбата, Масимо Алегри верува дека тие требале да си заминат од Амстердам со цел плен.

„Знаевме дека ќе биде тешко против екипа која игра со високо темпо” – рече тренерот на ’Росоњерите’.

„Се обидовме да ја забавиме играта и добро се браневме во првите 45 минути”.

„Во второто полувреме Ајакс не можеше да го одржи истото ниво на перформанси, ние заигравме подобро и требаше да победиме”.

„За жал, примивме ефтин гол од корнер и сега мораме да бидеме задоволни со бод”.

„Тимот го одработи она што се бараше од нив во првите 45 минути. Се обидовме да ги контролираме кога тие беа офанзивни, и да нападнеме кога заморот ги стигна играчите на Ајакс”.

„За жал направивме грешка во маркирањето при нивниот корнер и примивме гол во периодот кога игравме најдобро”.

„Можевме да победиме и да имеме шест бода со кој ќе направевме голем исчекор кон следната фаза”.