24фудбал

Игуаин неизвесен за дуелот со Арсенал, Пандев стартер?

Информациите од Италија велат дека Гонзало Игуаин поради повреда би можел да го пропушти дуелот против Арсенал, во тој случај како прв напаѓач на италијанскиот тим ќе се појави Пандев.

Лига на Шампиони
Албиол и Игуаин синоќа на Емирати тренирале одвоено од остатокот на групата, а Аргентинецот поради повреда и порано го напуштил тренингот.
 
Според извештаите проблемите на Игуаин со мускулот дополнително се интензивирале, па Рафа Бенитез нема да сака да ризикува со напаѓачот и нема да го стави во стартните 11.
 
Некои информации пак велат дека Игуаин сепак ќе може да го почне натпреварот.
 
Доколку Игуаин остане на клупата, се очекува Горан Пандев да биде стартер на позицијата прв напаѓач на Наполи.