24фудбал

Бенитез: Да покажеме карактер

Рафа Бенитез е свесен дека ќе има тешка задача на Емирати, но верува во своите фудбалери и вели дека Наполи има силен тим кој може да се бори во сите натпреварувања.

Лига на Шампиони
По победата против Борусија Дортмунд во првото коло од Лигата на Шампионите, Наполи вечерва се среќава со вториот конкурент за 1/8 финалето.
 
Тимот на Рафа Бенитез му гостува на Арсенал, па Шпанецот е свесен дека неговите фудбалери се пред сериозен тест.
 
„Ове е спротивно на првиот натпревар, сега треба да ја контролираме еуфоријата, ќе играме против силен тим и мора да покажеме карактер, сила и почит за тимот кој е на врвот во својата лига и игра многу добро" - вели Бенитез.
 
„Очекував Арсенал да биде силен, бидејќи мислам дека Венгер е еден од најдобрите менаџери во Премиер лигата и потпишаа со големи играчи, тоа е добро за нив".
 
„Кажав и претходно, Венгер е голем менаџер и голема личност. Ја знае лигата во Англија и Европа, мислам дека врши одлична работа и се надевам дека еден ден повторно ќе ја освои Премиер лигата".
 
„Јас секогаш се фокусирам од натпревар за натпревар. Сега мојот приоритет е Лигата на Шампионите, а во недела тоа ќе биде Серија А. Во моментов имаме доволно силен состав да се бориме во двете натпреварувања".