24фудбал

Барса го потврди ’Тата’ Мартино за нов тренер

’Каталонците’ соопштија дека Герардо Мартино е наследникот на Тито Виланова, Барса постигна согласност за двегодишен договор со Аргентинецот

Шпанија

Медиумите од Шпанија вчера пренесоа дека Герардо ’Тата’ Мартино е изборот на лидерите на Барселона за нов предводник на првиот тим, а ваквата сторија официјално беше потврдена денеска по средбата на бордот на директори во домот на претседателот, Сандро Росел.

’Каталонците’ се решија на еден ваков чекор откако Тито Виланова во петокот се повлече од кормилото поради здравствени причини.

„Герардо Мартино е новиот тренер на Барселона, постигната е согласност со Аргентинецот за двегодишен договор” – гласеше известувањето на тимот од Камп Ноу.

Шампионот на Шпанија најави дека во скоро време стратегот ќе стави потпис на договорот и ќе биде презентиран пред медиумите.