24фудбал

’Тата’ Мартино ќе биде нов тренер на Барса

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Герардо ’Тата’ Мартино е избран за наследник на Тито Виланова на кормилото на Барселона

Шпанија

Во петокот, Тито Виланова се повлече од тренерското столче на Камп Ноу поради здравствени причини а лидерите на Барселона најавија дека во скоро време ќе го именуваат неговиот наследник.

Медиумите веднаш излегоа со неколку имиња а како најсериозни кандидати се посочуваа Луис Енрике и ’Тата’ Мартино.

Откако Гус Хидинк си поднесе оставка, некои медиуми го поврзаа Холанѓанецот со Барселона, но по се изгледа нема вистина во ваквите стории.

Последните информации на медиумите од Шпанија велат дека лидерите на Барселона го одбрале ’Тата’ Мартино за нов тренер, стратегот веќе постигнал согласност за тригодишен договор.


Со него на Камп Ноу ќе пристигнат и неговите соработници Елвио Паолоросо и Хорке Паутасо.

Аргентинецот утре ќе пристигне во Барселона но веднаш ќе замине за Минхен каде Барселона во среда ќе игра пријателски натпревар со Баерн.