24фудбал

Фото: ФИФА покажа дека Пандев гласал за Дел Боске

Светската куќа на фудбалот утрово го објави документот добиен од Фудбалската Федерација на Македонија за изборот на најдобар тренер во годината

Останато

Изминативе неколку дена често се говореше за завера при изборот на најдобар тренер во годината, откако Жозе Мурињо ја обвини ФИФА за нерегуларности.

Поддршка на ваквите обвинувања на Португалецот даде македонскиот репрезентативец Горан Пандев, кој изјави дека гласал за Жозе Мурињо, а не за Висенте Дел Боске.

ФИФА експресно го негираше сето тоа, и утрово реши да ги расчисти сите дилеми објавувајќи го факсот добиен од Фудбалската Федерација на Македонија.

Од документот, кој е потпишан од селекторот Чедомир Јаневски, капитенот Горан Пандев и генералниот секретар на ФФМ, може да се види дека прв избор на напаѓачот на Наполи е Висенте Дел Боске, а потоа Роберто Манчини и Јирген Клоп.

Прв избор на Чедомир Јаневски исто така е Висенте Дел Боске, нашиот селектор гласал уште и за Пеп Гвардиола и Јоаким Лев.

Потписот под името на Горан Пандев остава простор за дополнителни шпекулации на оваа тема, многу веројатно е дека нашиот капитен не се потпишал самиот на овој документ.