24фудбал

Пандев: Гласав за Мурињо а не за Дел Боске

Горан Пандев вели дека гласал за Жозе Мурињо во изборот за најдобар тренер во годината, но според ФИФА, Дел Боске бил првиот изборот на капитенот на Македонија

Останато

’Специјалниот’ вчера ја обвини светската куќа на фудбалот за нерегуларности при изборот на најдобар тренер во годината, нешто што ФИФА категорично го демантираше.

Сепак, приказната на Жозе Мурињо ја поддржува нашиот репрезентативец Горан Пандев, кој соработуваше со Португалецот во Интер.

Пандев за медиумите од Шпанија вели дека гласал за Мурињо, но според ФИФА, Висенте Дел Боске бил првиот избор на капитенот на Македонија, а потоа следеле Роберто Манчини и Јирген Клоп.

„Гласав за Мурињо, му се јавив и му го кажав тоа” – рече Пандев. „Не знам што се случи”.

„Убеден сум дека чудни работи се случиле кога се броеле гласовите”.

„Според ФИФА, јас сум гласал за Висенте Дел Боске, но јас гласав за Мурињо”.

„За жал, чудни работи се случуваат во ФИФА, и ниту јас ниту тој можеме да ги промениме”.

Медиумите исто така пренесуваат дека Португалецот, Пауло Дуарте, кој е селектор на Габон сакал да гласа за Жозе Мурињо, но не можел да учествува во изборот за најдобар тренер.