24фудбал

Мунтари: Мојот најважен гол

Сулеј Мунтари е презадоволен од играта на неговиот тим и победата над Барселона, вели дека голот кој го постигнал е најважниот во неговата кариера.

Лига на Шампиони
Милан одигра одличен натпревар против Барселона и сосема заслужено славеше со 2-0, Росоњерите беа концентрирани од првата до последната минута во целост исполнувајќи ги задачите добиени од Алегри.
 
Мунтари со убав волеј ја затресе мрежата на Валдес по една добра акција на Милан, тој вели дека ова бил најважниот погодок во неговата кариера.
 
„Одигравме како тим, го слушавме тренерот, тој фантастично ја постави играта" - вели Мунтари.
 
„Бевме многу дициплинирани и го затворивме секој дел од теренот па тие не можеа да креираат шанси. Доколку играте без концентрација против нив, ќе страдате".
 
„Тоа беше мојот најважен гол во кариерата. Резултатот е добар, но на Камп Ноу нема да биде лесно. Можете да имате и водство од 5-0, но и тоа може да не биде доволно кога играте против Барселона, тие се неверојатен тим".
 
„Имаме предност од два гола и ќе направиме се за да одиме понатаму".