24фудбал

Роура: Приказната ќе биде поинаква во реваншот

Асистент тренерот на Барселона, Жорди Роура е уверен дека Барселона може да се квалификува во 1/4 финалето од Лигата на Шампионите и покрај поразот на Сан Сиро.

Лига на Шампиони
Барса синоќа доживеа незгоден пораз на Сан Сиро, Каталонците загубија од Милан со 2-0 во натпревар во кој не успеаа да создадат ниту една посериозна шанса кон голот на Абиати.
 
Но, Роура очекува многу поразличен натпревар на Камп Ноу, верува во квалитетите на своите фудбалери и смета дека можат да изборат пласман меѓу осумте најдобри во Лигата на Шампионите.
 
„Имаме верба во нашиот тим, ќе играме и на домашен терен" - вели Роура.
 
„Во реваншот приказната ќе биде поинаква. Веруваме дека можеме да го свртиме резултатот".
 
„Не одигравме најдобар натпревар, но мислам дека резултатот е превисок, не е реален".
 
„Тие имаа две шанси за гол и ги реализираа, тоа ќе ни ја направи работата тешка, но можеме да победиме".