24фудбал

Галијани: Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња

Адриано Галијани упати пофални зборови на адреса на Барселона, потпретседателот вели дека ’Каталонците’ се фаворити во дуелот со Милан

Лига на Шампиони

Во пресрет на вечерашната пресметка помеѓу Милан и Барселона на Сан Сиро, лидерите на двата клуба ја продолжија добрата традиција и попладнево беа на ручек во Џанино ресторанот.

По средбата, потпретседателот на ’Росоњерите’, Адриано Галијани упати пофални зборови на адреса на Барселона, и истакна дека ’Каталонците’ се фаворити во овој двомеч.

„Очекувам одличен натпревар, добар спектакл” – рече Галијани.

„Ќе играме против најдобриот тим во светот. Погледнете го нивниот среден ред, тоа е оној среден ред што на Шпанија и донесе триумф на СП и ЕП”.

„Тие исто така го имаат и Лео Меси, кој според мене е најдобриот фудбалер на сите времиња“.

„Не сакам да давам прогнози, не можам да гледам во иднината, но имаме верба”.

„Барса е фаворит, но фаворитете не победуваат секогаш. Не сакам да бидам ниту оптимист ниту песимист”.