24фудбал

Алегри: Мора да веруваме дека можеме да ја поминеме Барселона

Масимо Алегри знае дека ќе биде исклучително тешко да се елиминира Барса, но вели дека мора да веруваат, во спортивно нема зошто да истрчаат на теренот.

Лига на Шампиони
Вечерва на Сан Сиро, Милан ја пречекува Барселона во првиот 1/8 финален натпревар од Лигата на Шампионите.
 
Каталонците се голем фаворит во овој двобој, но Милан нема да се предаде, ќе направи се за рамноправно да се носи со Барселона.
 
„Во изминатите две години одигравме неколку добри натпревари против Барселона. Тие се најдобриот тим во светот, но мора да играме со верба дека можеме да ги поминеме\" - вели Алегри.
 
„Потребно е да ги спречиме да креираат акции во нападот, бидејќи во офанзивата имаат одлични фудбалери\".
 
„Меси е играч кој може да направи разлика, како и Иниеста, еден од најдобрите креатори во светот\".
 
„Јасно е дека треба да ја ограничиме нивната ефективност и мора да бидеме смирени\".
 
„Милан ќе игра добар натпревар. Ме иритира тоа што веќе не\' гледаат како елиминирани. Ќе започнеме со 0-0 и мојот тим мора да верува дека може да ја помине Барса, во спортивно нема потреба да истрчаме на теренот\".