24фудбал

Берлускони сака ,фластер’ за Меси

Силвио Берлускони вели дека знае како да го сопре Лео Меси, претседателот на Милан сака ,фластер’ за главната ѕвезда на Барселона

Шпанија

Во среда, ’Каталонците’ гостуваат на Сан Сиро во првиот натпревар од осмина-финалето од Лигата на Шампионите.

Претседателот на Милан, Силвио Берлускони вели дека не сака да му се меша во работата на Масимо Алегри, но го советува стратегот да употреби ,фластер’ на Лео Меси.

„Ќе биде мноту тешко да ја победиме Барселона” – рече поранешниот Премиер на Италија за RTL.

„Сеуште не сум пронашол време да разговарам со Масимо Алегри, но не му кажувам со кој состав да настапи, никогаш не сум сторил тоа”.

„Знам каква е улогата на претседателот и каква е улогата на тренерот, но како претседател можам да му дадам совет на тренерот”.

„Во овој случај, мојот совет е да се употреби ,фластер’ на Лео Меси”.