24фудбал

Македонија славеше над Фарските Острови

Со голот на Самир Фазли, репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 21 години ги победи Фарските Острови со 1-0.

Македонија
Македонија дојде до посакуваната победа против Фарските Острови, нашите надежи победија минимално со 1-0.
 
Очекувано нашата репрезентација беше тимот кој доминираше на стадионот Борис Трајковски, но победи само со 1-0.
 
Клучниот момент се случи во 41. минута кога Самир Фазли постигна гол за 1-0 и го скрши бункерот на гостите.
 
Во 77. минута Фазли заработи и втор жолт картон по што останавме со фудбалер помалку во завршницата од натпреварот.
 
Релативно лесно го издражвме притисокот на гостите и дојдовме до три значајни бода во пресрет на дуелот против фаворизираната селекција на Данска.
 
По две одиграни кола во квалификациите за европското првенство, Македонија има четири бода.