24фудбал

Балотели: Заслуживме да победиме

Марио Балотели е задоволен од своето деби во дресот на Милан и смета дека победата над Удинезе е сосема заслужена.

Италија

Супер Марио беше најавен дека ќе биде на клупата, но Пацини се повреди на загревањето, па Балотели дебитираше како стартер.

Постигна два гола во својот прв настап за Росоњерите и му донесе победа на Милан.

„Требаше да бидам на клупата, но Пацо се повреди, па започнав од почеток" - изјави Балотели по натпреварот.

„Среќен сум со моето деби, прикажав добри перформанси. Силни сме во нападот, но немав играно подолго време, па нозете ми беа тешки. Морам да го подобрам фитнесот".

„Ова е добар старт за мене, но морам да продолжам да постигнувам голови. Креиравме шанси вечерва, но Даниеле Падели имаше добри одбрани".

„Заслуживме да победиме, на крајот тоа и се случи".