24фудбал

Балотели дебитираше со два гола, контроверзна победа на Милан

Деби со два гола за Марио Балотели, Милан го победи Удинезе со сомнителен пенал досуден во 92. минута од натпреварот.

Италија

Марио Балотели е херојот на Милан, фантастично деби за напаѓачот, неговите два гола им обезбедија три бода на Росоњерите против Удинезе.

Но, до победата од 2-1, Милан дојде со сомнително досуден пенал во 92. минута од натпреварот.

Милан одлично го започна натпреварот, во 25. минута Балотели го постигна својот прв гол во црвено-црниот дрес и донесе водство од 1-0.

Но по десет минути игра во второто полувреме, Пинци израмнува на 1-1.

Милан се обидуваше да дојде до нов погодок и победа, тоа се случи кога сите го очекуваа крајот.

Во 92. минута судијата покажа на белата точка, Ел Шарави изнуди пенал за својот тим, но се чини дека одлуката беше во најмала рака сомнителна.

Балотели не греши, постигнува гол од пенал за победа на Милан од 2-1.

Во првиот денешен натпревар од Серија А, Јуве со 2-1 победи на гостувањето кај Киево и ја врати предноста од три бода во однос на Наполи.

Матри и Лихштајнер погодија за Јуве во првото полувреме, Киево со голот на Теру успеа само да го ублажи поразот.

Нов разочарувачки резултат за Интер, овој пат загубија на гостувањето кај Сиена со 3-1.

Касано го постигна голот за Нероазурите, Емегара, Сесту и Росина беа прецизни за Сиена.

Пораз доживеа и Лацио, загуби на гостувањето кај Џенова со 3-2.

Прекрасни голови на Бориело и Бертолачи во првото полувреме за водство на Џенова од 2-0.

Лацио со погодоци на Флокари и Маури од пенал успеа да дојде до израмнување, но Ригони погоди во 95. минута за победа на Џенова од 3-2.

Фиорентина им се врати на победите, ја совлада Парма со 2-0.

Лука Тони и Стеван Јоветиќ беа стрелци за Виолетовите.

Во останатите денешни натпревари од Серија А, Аталанта победи на гостувањето кај Палермо со 2-1, гостинска победа забележа и Болоња над Пескара со 3-2.