24фудбал

Балотели: Премиерлигата е најдобра, но среќен сум што ја напуштив Англија

Марио Балотели има позитивни импресии од Премиерлигата, но не и од животот во Англија, па вели дека е среќен што го напушта Островот.

Англија

Балотели се врати во Милано, овој пат ќе го носи црвено-црниот дрес, контроверзниот напаѓач им се заблагодарани на фановите, играчите и тренерот, но среќен е што заминува.

„Сакам да им се заблагодарам на сите фанови на Сити бидејќи беа многу добри кон мене и секогаш ме поддржуваа и во добрите и во лошите моменти" - изјави Балотели.

„Сакам да им се заблагодарам и на моите соиграчи и тренерот. Но, среќен сум што ја напуштив Англија".

„Добрите работи ми беа кога одев на тренинг во Карингтон, со моите соиграчи и тренерот. А лоши? Се останато".

„Најпрво новинарите. Времето. Храната. Начинот на возење. Тоа е".

„Да бидам искрен, Премиерлигата е неверојатна лига и мислам дека е најдобрата. Публиката и теренот... тоа е неверојатна лига".

„Не знам дали во иднина ќе се вратам таму. Сега за сега сум во Италија".

„Секогаш сум сонувал да бидам фудбалер на Милан и сега сум многу среќен".

„Во Милано сум, блиску до мојата фамилија и пријателите. Манчестер не е многу далеку, но не е блиску како Милано".