24фудбал

Официјално: Милан го комплетираше трансферот на Балотели

Марио Балотели е нов фудбалер на Милан, италијанскиот репрезентативец се обврза кон ’Росоњерите’ до 30. јуни 2017

Италија

По долги преговори помеѓу Манчестер Сити и Милан, двата клуба во вторникот постигнаа согласност за условите под кои ќе се реализира зделката.

Актуелниот шампион на Англија ја прифати понудата на ’Росоњерите’ вредна околу 20 милиони евра, плус 3 додатни милиони во бонуси.

Марио Балотели вчера пристигна во Милано и успешно ги поминa редовните лекарски прегледи.

Откако утрово беа комлетирани сите формалности, Милан официјално го потврди трансферот на напаѓачот.

„Милан може да соопшти дека го ангажираше фудбалерот на Манчестер Сити, Марио Балотели, кој стави потпис на договор со трајност до 30. јуни 2017” – гласеше соопштението на ’Росоњерите’.

Проблематичниот напаѓач ќе биде презентиран пред медиумите вечерва, на прес конференција која ќе започне во 19 часот.

Во меѓувреме, Италијанецот во интервју за веб страната на Манчестер Сити проговори за неговата авантура на Етихад Стадионот.

„Секако дека моите брилијантни соиграчи ќе ми останат во сеќавање, менаџерот и фановите, кои се најдобри во Англија”. – рече Балотели.

„Манчестер Сити секогаш ќе има посебно место во моето срце, се работи за одличен клуб со одлична иднина”.

„Им благодарам за поддршката што ми ја дадоа. Можеби еден ден повторно ќе се сретнеме”.

„Мислам дека триумфот во Премиерлигата беше навистина специјален момент, горд сум што бев дел од тоа”.

„Победат од 6-1 на Олд Трафорд исто така беше голем момент во мојот живот. Знам колку им значеше тоj натпревар на фановите, радоста што им ја донесовме”.