24фудбал

Морати: Не жалам за трансферот на Балотели во Милан

Претседателот на Интер, Масимо Морати вели дека не жали што поранешниот фудбалер на ’Нероаѕурите’, Марио Балотели ќе се пресели во лутиот градски ривал Милан

Италија

’Супер Марио’, кој во 2010 го напушти Интер и се пресели во Манчестер Сити, се враќа во Серија А откако Милан вчера постигна договор со шампионот на Англија за условите под кои ќе се реализира зделката.

Претседателот на Интер, Масимо Морати верува дека Марио Балотели е добро засилување за Милан, и додава дека не жали што напаѓачот ќе го облече дресот на нивниот лут градски ривал.

„Ова е добра зделка” – рече Морати. „Ние не можевме да го направиме овој трансфер, и не смеевме да го направиме, бидејќи тој веќе беше дел од нашиот тим”.

„Но верувам дека во исто време Милан се коцка”.

„Дали фановите на Интер ќе бидат разочарани? Да бидеме искрени, и јас сим голем фан на Интер, но не жалам”.

„На сето ова гледам како на нешто што ќе му биде од корист на Силвио Берлускои на илјада различни начини”.

„Времето ќе покаже како се ќе се заврши”.